Објавено на:

Помошта на САД за Украина ги надмина трошоците за првите 5 години од војната во Авганистан

t

Администрацијата на Бајден и пратениците од двете страни на Претставничкиот дом ветија дека ќе се спротивстават на руската војна во Украина и заканата што таа ја претставува за европската безбедност, а средствата доделени за Киев досега веќе ги надминуваат првите пет години трошење на САД во Авганистан.

Во петокот, администрацијата на Бајден објави уште еден воен пакет од 400 милиони долари за Украина, која се обидува да ја одврати руската офанзива.

Последниот пакет, наводно, бил подготвен во координација со украинските власти за тоа што им е посебно потребно на првите линии, а доаѓа само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во источниот регион Луганск.

Тешката артилерија, како што се хаубици и високоподвижни артилериски ракетни системи (ХИМАРС), се меѓу главните елементи што и се потребни на Украина за да ги нападне руските командни и контролни пунктови лоцирани зад фронтот.

Пентагон во петокот потврди дека САД обезбедиле безбедносна помош од 8 милијарди долари по руската инвазија во февруари, но Вашингтон вети дека ќе потроши многу повеќе.

Претходно оваа година, Конгресот објави дека ќе потроши 54 милијарди долари за традиционална странска и воена помош за да помогне во задушувањето на офанзивата на Путин.

Средствата во голема мера ќе бидат дистрибуирани преку традиционални канали за помош на Украина, но исто така ќе обезбедат поддршка за земјите на НАТО и американските војници стационирани во Европа.

Најголемиот дел од пакетот ќе биде дистрибуиран во блиска иднина, можеби до крајот на годината, пишува Fox News.

Според извештајот на Центарот за стратешки и меѓународни студии, последниот пакет од 40 милијарди долари, усвоен во мај, вклучува мерки за кои би можеле да бидат потребни години за да се спроведат, како што е купувањето на дополнителна батерија за ракети Патриот, која потенцијално би можела да биде изградена во сојузнички земја како Полска.

Сè уште не е јасно колку САД ќе потрошат во 2022 година за да се спротивстават на агресијата на Путин, но според информациите обезбедени од ForeignAssistance.gov, САД веќе потрошиле повеќе за безбедносна помош во Украина отколку во првите пет години во Авганистан.

До крајот на 2006 година, САД потрошиле над 7,4 милијарди долари за борба против талибанците. До 2011 година, трошоците за 20-годишната војна го достигнаа својот врв, со 11,4 милијарди долари потрошени само таа година.

Бајден и другите западни лидери ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојка (19) во Украина се обидела да…

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…