Понеделник пред Влада: Нов протест за скандалите на Онкологија

t

Во понеделник повторно протест пред Владата на Република Македонија поради скандалот кој се случи на Клиниката за Онкологија.

– Почитувани,

Ве повикуваме повторно на протест во понеделник пред Влада, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе побараме СУДСКА РАЗРЕШНИЦА за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија.

Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест се:

1. ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела

2. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев

3. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија

4. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија

5. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија

6. Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага.

Воедно, апелираме сите онколошки пациенти да не контактираат за нивните искуства, за да придонесеме во целосно разоткривање и одговорност на сите инволрвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија!

Се гледаме во понеделник во 18 часот! – се вели во настанот објавен на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…