Поплава за Владата: Тешко е да објасниме дека ќе ја пуштиме Албанија, но не и Македонија, вели Ќучук
Нелогично и тешко е да се објасни тезата дека ќе ја пуштиме Албанија, а за Македонија ќе го гледаме прашањето од историски аспект, изјави бугарскиот европратеник и известувач на ЕП за земјава, Илхан Ќучук.
– Оваа теза е многу тешка за објаснување. Европа тешко ги разбира заплетканите историски разговори, бидејќи мора да ја отвори Пандорината кутија за сопствената историја, а таа не сака да го направи тоа. Но, Европа ги разбира многу добро човековите права и слободи. И затоа фер е барањето Бугарите во Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав, рече Ќучук за БНР.
Вели дека има зголемен и легитимен притисок од европските институции за решавање на прашањето со Македонија и оти проширувањето е клучен приоритет на оваа Европска комисија.
– Бугарија нема за што да се грижи, најмалку да се обидува да избегне искрен, отворен разговор со Македонија – како за минатото, така и за иднината. Но, очигледно е дека од национална гледна точка немаме јасно изразена позиција на ниво на власт. Ако оваа Влада треба да се критикува аргументирано – тоа е неможноста да постигне консензус за клучните прашања. Едно од нив е Македонија, другото е односот кон Украина, коментира Илхан Ќучук.
Според него, формулата за решавање на прашањето, треба да биде резултат не само на внатрешните коалициски напори, туку и вклучување на опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…