Поплавени дворови во Тетово
Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција.Пожарникарите таков повик добиле од Желино каде комби возило поради насобрана вода кај подвозникот во правец кон Сиричино останало заглавено во поплавениот дел од коловозната лента. Четворицата пожарникари кои биле на интеревенција со нивното возило и влечење со јаже го извадиле возилото.
Полицијата го пренасочува сообраќајот кај булеварот „Благоја Тоска“ на последниот кружен тек кај касарната каде редовно се поплавуваат коловозните ленти, поради интервенција на комуналното претријатие.– Во моментов имаме интервенции по неколку повици во Мала и Голема Речица, каде се испумува вода од куќи и нивните дворови и подруми, информираше Авни Амети, командир на тетовската противпожарникарска единица.
Пред две недели, на 20 септември, силен дожд предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…