Објавено на:

Поплавени патишта во Флорида, има и заглавени автомобили

t

Во некои делови на Јужна Флорида патиштата денеска беа поплавени по обилните дождови и ветерот што ги донесе бурата од Мексико.

Официјални лица на Мајами ги предупредија возачите на поплави долж патиштата, наведувајќи дека голем број автомобили се заглавени, пренесе АП.

„Ова е ситуација опасна по живот. Не се препорачува патување во сегашните услови. Подобро е да се почека“, беше објавено во предупредувањето на Твитер профилот на градот Мајами.

Градските служби влечеа возила заглавени на поплавените патишта.

Националниот центар за следење на урагани во Мајами објави дека бурата наречена Агата на Пацификот ќе го носи името Алекс во областа на Атлантикот, доколку достигне статус на тропска бура.

Предупредување за тропска бура е на сила за делови од државите на источниот брег на САД, северозападно од Бахамите и Бермудите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Едно лице загина по пад на…

Канцеларијата на шерифот на округот Полк соопшти…

Државата Флорида со смртна казна за педофилијата

Законот за смртна казна во Државата Флорида…

Момче кое побегнало од војната во Украина…

Деветнаесетгодишно момче загинало, откако се обидело да…

(Вознемирувачко видео) Пукање на шеталиште на Флорида,…

Девет лица беа застрелани, меѓу кои и…

(Видео) Храбро девојче од Флорида преживеа напад…

Девојче од Флорида преживеално напад од ајкула…