Поплави, свлечишта и прекини на струја и вода – прогласена вонредна состојба во Грција

t

Обилните врнежи во западна Грција предизвикаа поплави, свлечишта и прекини на струја и вода, оставајќи повеќе општини во колапс. Вонредна состојба е прогласена во Загори, Филијатес и Зирос, а северниот Крф претрпе сериозни оштетувања на инфраструктурата.

Села во северна Цумерка останаа без струја, а проблеми има и во планинските области Каламбка, Козани и Аспропотамос. Во Филипијада поплавите и паднатите столбови создадоа големи прекини, додека во Арта има оштетувања на патиштата и електричната мрежа.

На Крф, каде за два часа наврнаа 220 мм дожд, улиците се покриени со камења, кал и остатоци од свлечишта. Тимот за цивилна заштита е на терен, а метеоролозите предупредуваат дека опасноста сè уште не е целосно помината.

Дождовите се очекува да престанат денес, а следната стабилизација на времето ќе биде во понеделник. Нов бран врнежи и јужни ветрови се предвидува од вторник до сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција бара работници – повеќе од 46.000…

Грција се соочува со сè поизразен недостиг…

Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот…

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во…

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…

Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…

Катимерини: Криминалци со врски со ОВК и…

Зад планот за атентат врз еврејскиот грчки…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…