Попладнево пристигна голема количина зејтин од Србија, исто толку ќе пристигнат и утре

t

Попладнево во Македонија влегле 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени за текот на утрешниот ден. На малопродажните рафтови се очекува да се најдат веќе од утре.

Забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија сè уште е на сила и засега нема информација кога ќе биде симната, иако се очекува во најскоро време.

Домашните производители, во меѓувреме, набавуваат суровини од други земји и со повисоки цени, па затоа и предупредуваат на можноста од поскапување на маслото за јадење во малопродажбата.

Освен 96.000 шишиња со масло за јадење од Србија, од кои пола пристигнаа, а пола се очекуваат, договорени се уште два милиона литри чиј начин и рок на испорака ќе бидат дополнително прецизирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…

Николовски уверува: Брашно, зејтин и млеко ќе…

Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат…

Србија ги ограничи цените на брашното, зејтинот,…

Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на…

Страшно: Зејтин без декларација на македонски јазик…

По информацијата дека руски производи се продваат…

Учете се да штедите: Зејтинот достигна рекордна…

Откако Владата ги врати маржите и даноците…