Попладнево ќе има зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари во поголем дел од Македонија, предупредува директорот на ЦУК
Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), предупредува директорот на ЦУК, Мухамет Али.
„Во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со МНОГУ ВИСОК FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет. Останатите делови од земјата се со ВИСОК FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот е НИЗОК и МНОГУ НИЗОК. Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа. Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина. Центарот за управување со кризи продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС и со навремено информирање и координација на надлежните институции“, вели Али.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три пријави за физички напади и една…
СВР Тетово извести за 4 случаи на…
Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…
Силно невреме проследено со град погоди делови…
ДУИ до ВЛЕН: Молкот пред величењето на…
Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција,…
Димитриеска-Кочоска: Треба да ја зајакнеме контролата врз…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти дека…
Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…
Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…