Попладне и викендов се најавува невреме со пороен дожд и силен ветер
УХМР известува дeка во текот на попладневните и вечерните часови, како и за време на викендот, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи.
Граѓаните претпазливо да се движат покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден, како и за време на викендот.
Во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
И во Скопската Котлина доцна попладне и за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!
УХМР објави информација за максимална брзина на…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Попладнево и утре ќе има невреме во…
Македонија во четврток ќе остане под влијание…
УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…