Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
Агенцијата за национална безбедност во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 28.09.2026 година презеде мерки за сузбивање активности на издиференцирани безбедносно интересни лица кои се осомничени за сторено кривично дело по Член „394-б“ од КЗ /Тероризам/ и Член ,,396″ од КЗ /Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи/.
-Во рамките на оперативната акцијата од слобода се лишени вкупно пет лица, притоа извршен е претрес на повеќе локации на подрачјето на Скопје, и тоа во с.Сингелиќ, Чаир и с.Брест, при што пронајдени и одземени се количества на нелегално оружје, пиштоли, автоматски пушки, муниција, тактички елеци и останата опрема, пропаганден материјал од меѓународната терористичката организација „Исламска држава“, компјутерски единици за „копање“ криптовалути, како и останата документација, соопшти Агенција за национална безбедност.
Во информација за Курир потенцираа дека, станува збор за верско радикална групација надоврзана на транснационални криминални организации која се поврзува со дела на насилство, изнуда, киднапирање, лихварство, недозволена трговија на наркотици, трговија со оружје, и останати криминогени активности. Исламско радикалниот елемент е одлика која е взаемна кај повеќето членови на групата, имено истите се идеолошки следбеници на радикални имами кои се поддржувачи и прокламатори на меѓународни терористички организации. Воедно, дел од уапсените се во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот.
Индоктринирањето на млади лица од страна на истакнатите членови на групата е модус операнди кој континуирано се применува. Верските објекти каде се практикува радикалниот ислам и онлајн радикализацијата претставуваат иницијални тригери за регрутација на младите, кои подоцна се интегрираат во дадени криминогени активности на групацијата, нотира Агенција за национална безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…
Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…
ССНМ е загрижен за прогласување на технолошки…
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници…
БУГАРИЈА СО НЕПОВОЛНА СОЦИЈАЛНА СЛИКА: Околу 1,37…
Речиси 29 проценти од населението на Бугарија…
Петров: Оваа недела ќе го доставиме планот…
Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата…