Објавено на:

Поради војната Германија се соочува со недостиг на цигари

t

Недостигот на хартија за пакување цигари може да влијае на пушачите во Германија, а некои брендови е речиси невозможно да се најдат во малопродажните места. Проблемите со снабдувањето со цигари во Германија почнаа по затворањето на фабриката на тутунскиот гигант во Украина, пишува „Билд“.

Според весникот, една од причините за проблемот е затворањето на фабриката за производство на кутии цигари, „Филип Морис“ во Украина. Тутунскиот гигант претходно ја прекина работата во земјата, вклучувајќи ја и фабриката во Харков, каде што до неодамна се произведуваше значителен дел од хартијата за кутиите цигари.

Компанијата поседува популарни брендови на цигари како што се „Марлборо“ и „ЛиМ“.

-Поради тензичната ситуација на светските пазари на суровини и недостатокот на картонска амбалажа, навистина може да има недостиг. Ние континуирано ги прилагодуваме нашите синџири на снабдување, вели портпаролот на „Филип Морис“

Според германските трговци на големо кои ги контактирал „Билд“, дефицитот е особено акутен кај цигарите „Марлборо“, како што се црвените и златните. Се очекува да биде особено тешко за пушачите кои претпочитаат да купуваат цигари од автомати, каде што брендот „Марлборо“ е речиси целосно распродаден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…