Поради грип пациентка од Пулмологија пренесена на Инфективна и ставена на респиратор
Пациентка на возраст од 65 години, со кардиоваскуларни болести поради многу влошена состојба итно е префрлена од Клиниката за пулмологија и алергологија на Инфективната клиника и е ставена на респиратор. Од клиниката за пулмологија и алергологија објаснуваат дека со компликации на грип имаат седум пациенти.
– „Пациентката е со екстромно лоша сатурација и мора на респиратор. Заштита од грип може со вакцина, но тој што ја прима мора да биде здрав, не може да се вакцинира некој што има симптоми на грип“, вели проф.д-р Деан Докиќ директор на Клиника за пулмологија и алергологија.
Десетина пациенти со компликации од грип се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести од кои кај тројца од нив е потврден и Ковид, информираат од министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
Рубио: Средбата на Зеленски и Виткоф беше…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, оцени дека…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…