Поради Левица Уставниот суд оформи предмет за затворање на фашистичкиот клуб “Ванчо Михајлов”
Поради Левица Уставниот суд офотми предмет за затворање на фашистичкиот клуб “Ванчо Михајлов”, велат денеска од партијата.
– Постапувајќи по иницијативата на Левица за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, ќе оценува дали Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола се спротивни на член 110 и член 112 од Уставот.
Очекуваме Уставниот суд да застане во одбрана на Уставот, темелните уставни вредности и законот, и да ги ПОНИШТИ основачките акти на овој неиофашистички клуб, кои непречено од профашистичките СДС и ДУИ шири иредентистичка пропаганда и промовира фашистичка идеологија во Македонија.
Во Статутот и Програмата на Здружението се наведува дека мисијата и целта на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов, според чија идеологија македонската нација и јазик не постојат!
Евидентно е дека со ваквите програмски цели и мисија, дејствувањето на Здружението е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, но и кон негирање на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ.
Имајќи предвид дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ, секоја форма на здружување и изразување насочени кон негирање на посебноста на македонската нација се директна иредентистичка закана за суверенитет и територијалниот интегритет на Републиката, па оттука неопходна општествена потреба и уставна обврска е истите да се забранат!
Го повикуваме и Основното јавно обвинителство во најбрз можен рок да ја спречи рехавилитацијата на фашизмот во Македонија и да постапи по иницијативите на Левица за забрана на работата на фашистичките клубови „Цар Борис III и „Иван Михајлов“! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…
Во попладневните часови поради дефект на далекувод…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…