Поради малата излезност и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ губитници во Тетово, вели пратеник на СДСМ

t

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на сцојот Фејсбук напиша дека владеачката партија е поразена во македонскиот блок во Тетово на изборите за членови на Совет, но и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е губитник затоа што излезноста била помала.

-За да стане појасен вчерашниот дебакл на ВМРО ДПМНЕ и победата на СДСМ прочитајте ги следниве компарации:

1. Маврово – Ростуше градоначалник
– Избори 2021: СДСМ 1563 ВМРО 1558
– Избори 2022: СДСМ 3266 ВМРО 1935

Очигледна разлика каде СДСМ ги дуплира бројот на гласови.

2. Центар Жупа градоначалник
– Избори 2021: Аријан Ибраим 1342
– Избори 2022: Аријан Ибраим 3340

Уште една победа на политиките на СДСМ каде бројот на гласови е зголемен за скоро 2,5 пати.

3. Тетово совет
– Избори 2021: СДСМ 2672 ВМРО 4062
– Избори 2022: СДСМ 1953 ВМРО 3352
Двете партии губат поради малата излезност.

И сега гледајќи го трендот на овие избори, јасно е зошто е целото брзање за предвремени избори на ВМРО. Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ само што почнаа и на следни избори ќе добијат чист мандат за нови 4 години во кои Македонија ќе се реорганизира по европски рецепт ‼️, напиша Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…