Објавено на:

Поради неуспешната дебата: Семејството на Бајден бара смена на неговите советници

t

Членови на семејството на американскиот претседател Џо Бајден, особено неговата сопруга Џил и синот Хантер, ги обвинуваат советниците на американскиот лидер за неговиот катастрофален настап на неодамнешната телевизиска дебата и бараат нивна смена, јави денеска Ен-би-си (НБЦ), повикувајќи се на неименувани извори.

Членовите на семејството на Бајден се повеќе ја оспоруваат неговата предизборна стратегија и бараат начини за „ревитализација“. Според нив треба да бидат сменети советничката во Белата куќа, Анита Дан и најверојатно нејзиниот сопруг, Боб Бауер, личниот адвокат на претседателот.

Членовите на семејството Бајден почнаа да анализираат што се случило на дебатата веднаш по нејзиното завршување, во обид да откријат кој го преоптовари претседателот со статистика наместо да му дозволи да „зборува од срце“ наведува Ен-би-си.

Следната дебата Бајден – Трамп ќе се одржи на 10 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не можат со голи раце против Русите:…

Украина не може да опреми 14 бригади…

Путин: Талибанците се сојузници на Русија во…

Движењето „Талибанците“ ја контролира владата во Авганистан…

Џон Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие…

РУСКА ОФАНЗИВА НЕ ВИДЕНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА…

Во втората половина на јуни, Русите почнаа…

(Фото) СЕКОЈА ЧЕСТ: Елмас заработува милиони, но…

Додека најголем дел од најдобрите европски фудбалери…