Путин: Талибанците се сојузници на Русија во борбата против тероризмот
Движењето „Талибанците“ ја контролира владата во Авганистан и е сојузник на Русија во борбата против тероризмот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Генерално, треба да тргнеме од фактот дека движењето „Талибанците“ ја контролираат владата во земјата. И во таа смисла, „Талибанците“ се наши сојузници во борбата против тероризмот“, рече рускиот лидер.
Тој е сигурен дека и талибанците се заинтересирани за стабилноста во Авганистан.
„Секоја актуелна влада е заинтересирана за стабилноста и на владата и на државата со која раководи. Сигурен сум дека и „талибанците“ се заинтересирани за стабилноста во Авганистан, се да биде мирно и според одредени правила.
„Постојано добивавме сигнали од движењето „Талибанците“ дека се подготвени да соработуваат со нас во борбата против тероризмот“, рече рускиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…