Поради Новак се огласи и Белата куќа: Мигрантите и Ѓоковиќ не се исти, туку…
Прес секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави за Фокс њуз дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не може да се поистоветува со мигрантите кои илегално влегуваат на територијата на Соединетите Американски Држави.
„Како е можно невакцинирани мигранти да влезат во оваа земја, а тенисери од светска класа не?“, праша новинарот на Фокс њуз, Питер Дуси.
Следуваше контрапрашање.
„Кој тенисер од светска класа?“, праша Жан-Пјер, а кога го доби одговорот дека тоа е Новак Ѓоковиќ, таа одговори:
„Кога ме прашувате за него, записите се доверливи според американскиот закон, така што владата не може да одговори на прашања за поединечни случаи и апликации за виза. За да се заштити приватноста, владата исто така не може да ги коментира медицинските информации на поединечни патници, особено на овој тенисер“.
Карин Жан-Пјер изјави дека случаите на мигранти и Новак се „две различни работи“, а потоа следуваше нова реплика на новинарката Дуси:
„Како се тие две различни работи? Се качува некој невакциниран во авион и велиш дека тоа не е во ред. Некој влегува во Тексас или Аризона невакциниран и може да остане?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…