Поради омикрон и снежната бура одложен почетокот на наставата во САД

t

Во многу училишта ширум САД е одложен почетокот на наставата, додека образовните институции се обидуваат да спроведат тестирање за учениците, и во краен случај се подготвуваат да се вратат на онлајн часови.

Исто така, снежното невреме придонесе за одложување на почетокот на вториот дел од учебната година во Вашингтон и околината, јави вечерва Гласот на Америка.

Сето ова се случува во време кога во целата земја има значително зголемување на бројот на заболени со омикрон варијантата на коронавирусот.

Во Вашингтон, персоналот и 51.000 ученици од државните училишта треба да испратат негативен тест преку Интернет пред да започнат со настава во среда.

Тестовите направени пред вторник нема да бидат прифатени. На родителите им е овозможено тестовите да ги преземат во училиштата или да користат свои.

Слични правила се воведени и во Калифорнија, американска држава која се обврза дека ќе обезбеди бесплатни домашни тестови за вкупно шест милиони ученици во државните училишта.

Низ целата земја дневно се пријавуваат во просек по 400.000 нови случаи поради новата варијанта на Ковид 19 – омикрон, додава Гласот на Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…