Поради операција, Деспотовски мораше да ги откаже теренските активности
Јован Деспотовски, еден од кандидатите за претседател на СДСМ, преку социјалните мрежи објави видео во кое објаснува дека вчера имал, како што вели, мала здравствена криза поврзана со слепото црево.
Операцијата, како што објаснува Деспотовски, поминала како што треба и поради тоа морал да ги откаже сите теренски активности.
„Веќе во текот на денешниот ден сме оперативни и во 19 часот продолжуваме со чет во живо за сите предлози и коментари што ќе ги имаме. И од утре, секако, продолжуваме со иста динамика и темпо во теренските посети бидејќи навистина успеавме во изминатите неколку недели да иницираме еден сериозен бран енергија и желба за промени. Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно“, порача Деспотовски во видеопораката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…