Поради развеана тробојка на поранешна Југославија на својата куќа сопственикот заработил прекршочна пријава!

t

Маж од месноста Јакшиќ во близина на хрватскиот град Пожега е пријавен од страна на соседите во полициска станица поради истакнување на на знамето од поранешната СФРЈ на својата куќа. Со овој чин според соопштението на полицијата 47-годишниот маж ги навредил моралните чувства на граѓаните .

Полицијата во соопштението потенцира дека во вторникот на 29 ноември во месноста Јакшиќ на предниот дел од куќата до самата улица развеал југословенска тробојка со петокрака, која е симбол за поранешната заедничка држава.

Поради ова против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава според Законот за нарушување на јавниот ред и мир, пренесуваа медиумите во Хрватска.

Во поранешната заедничка држава 29 ноември се празнуваше како Ден на Републиката, кога во 1943 година во Јајце, БиХ на Второто заседание на АВНОЈ се удрени темелите на Втората Југославија (СФРЈ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…