Поради снегот Бугарија прогласи вонредна состојба во голем дел од земјата
Две лица загинаа во Бугарија, а едно во Молдавија, како последица на снежното невреме што ги зафати Бугарија, Молдавија и Романија.
Бугарија денеска прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата, а силниот снег и снежната бура доведоа до прекин на електричната енергија во некои делови, главно на североистокот на Бугарија. Станува збор за 1.000 домаќинства, рече премиерот Николај Денков.
Две лица загинаа во сообраќајни несреќи поради обилните снежни врнежи и силниот ветер, а затворени се и некои патишта.
Во Молдавија, 40-годишен возач загина кога неговиот автомобил излетал од лизгав пат и удрил во дрво, јави Euronews.
„Упорно апелираме до возачите да не одат на пат доколку немаат соодветна опрема и да возат полека“, соопшти молдавската полиција на Телеграм.

Во Романија е издаден црвен метеоролошки аларм за окрузите Констанца, Тулчеа, Галати и Браила, каде ветерот дува до 100 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.
Романскиот министер за енергија Себастијан Бурдуја за АП изјави дека повеќе од 400 заедници останале без електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…