Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

t

ЕСМ известува дека од вчера привремено е исклучен првиот блок во РЕК Битола како превентивна мерка. Од таму велат дека временските услови влијаеле на перформансите на јагленот што се користи.

Во моментов РЕК Битола работи само со третиот блок, односно првите два не произведуваат електрична енергија.

– Имено,во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот, објаснуваат од ЕСМ.

Од таму додаваат дека со подобрувањето на временските услови,блокот ќе биде ставен повторно во функција, а тоа не би требало да биде подолго од неколку денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…