Поради студеното време, грејната сезона почнува од утре
АД ЕСМ информира дека грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, ќе почне од утре поради пад на температурите.
Иако грејната сезона официјално стартува на 15 октомври, регулативата дозволува таа да започне и порано, доколку средната надворешна температура е еднаква или пониска од 12 степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна температура од 10 степени, со што се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија – се вели во соопштението.
Од ЕСМ апелираат корисниците навремено да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации, а заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап до топлинските потстаници и редовно електрично напојување.
Интервенциите, откако ќе се завршат, треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
На веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации или да пријават дефекти на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради студеното време, грејната сезона почнува од…
АД ЕСМ информира дека грејната сезона за…
Минималната плата во Албанија ќе достигне 515…
Почнувајќи од 2026 година, најниската плата во…
Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври
Судењето против поранешниот директор на Клиниката за…
Отворена бесплатна телефонска линија за пријава на…
Од денеска во Канцеларијата на Народниот правобранител…
Јакимовски: Салата „Партизан“ е вратена на граѓаните!
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во…