Поразително: Затворени скоро 4.000 компании за само три месеци годинава

t

Немаштијата и кризата, не се одразува само на граѓаните, туку удира и на бизнисите во Македонија. Колку е бизнисот погоден се гледа по тоа што оваа година за само 3 месеци згаснале толку компании колку за 7 месеци од минатата година.

Имено само во првиот квартал од оваа година 3.920 компании и ставиле клуч на врата, и ова се поразителни податоци ако се земе предвид дека минатата година, вкупната бројка на компании кои ставиле клуч на врата е 6.995 фирми, покажуваат податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк.

Податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк откриваат и во кои дејности имало најмногу затворање на фирми. Според податоците, секоја трета затворена сметка е од фирма од областа од трговијата – тренд кој се задржа и од претходната година.

Во трговијата се затвориле дури 1.264 комании,  што значи дека секоја трета затворена фирма е или продавница, или трговија на големо. На второ место се компаниите од преработувачката индустрија. Се затвориле 467 фирми.

Со шифра „објекти за сместување“ се избришани 442 фирми. На четвртото место по згаснати компании во 2021 година се градежни компании со 315 згаснати фирми и ако се анализира цела мината година, компании од оваа дејност не влегуваа во првите 5 дејности каде најмногу се затвораа фирми.  Во 2021 година згаснале и 287 компании што се занимавале со транспорт и складирање.

Од затворените компании 39,5 се наоѓаат во Скопје и тоа, очекувано, е најголемиот удел во вкупниот број на затворени компании. Тетово е втор град во кој има најмногу затворени фирми, во 2021 година клуч на врата ставиле 226 правни субјекти. Во Битола, минатата година се затвориле 199 фирми, 161 фирми згаснати фирми се од од Куманово.  На крајот од првата петорка на градови во кои лани фирмите ја загубиле бизнис-битката е Гостивар со 157 затворени фирми.

Извор: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…

Отворањата на нови компании исто така бележат…

Скопјанец со највисока годишна бруто плата лани…

Жител на Скопје минатата година остварил и…

Компании од Италија: Сакаме да се вратиме…

Извозот во санкционираната Русија падна за 35%…

Азески удри по европските лидери: Разберете дека…

 Европските лидери мора да разберат дека на…

Предупредување од Светска банка:“Храната може да поскапи…

Светската банка предупреди дека светот се соочува…