Порака до Мицко и Али: Војната е пекол…

t

Војната е пекол, не постои интервју со воен ветеран кое сум го правел кое не го започнува и завршува со ова тврдење. Во историјата на светот ниту една држава не била подобро место за живеење после војна особено не држава во која војната се водела не нејзина територија.

Зошто го почнувам овој текст на овој начин? Затоа што на два дена пред избори ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, односно лично Али Ахмети и Христијан Мицкоски се обидуваат со воинствен речник да добијат политички поени, нешто што во суштина никогаш не завршило добро за никого.

Да почнеме од почеток… ДУИ се создаде како политичко крило на УЧК откако во 2001 го амнестираа двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Подоцна по фамозниот 15 септември и победата на Бранко Црвенковски со половина милион гласови, Црвенковски му даде политички легитимитет на Ахмети и го прими во Влада.

Груевски успеа да издржи две години со ДПА за потоа да го потпише мајскиот договор за коалиција на победник со победник и од 2008 до 2016-та ВМРО-ДПМНЕ да биде во коалиција со ДУИ.

Заев од немај каде и по интервенција на амбасадата на САД го зема ДУИ во коалција во 2017-та и пристигнувме до денешниот ден кога во фокусот на кампањата на Христијан Мицкоски наместо проекти и пресметка со реалниот политички противник од македонскиот блок СДСМ во фокусот е Али Ахмети.

Па добро мислите дека заборавивме… Љупчо Георгиевски ќе им ги кратеше канџите на орлите за по избори да го направи Штуловиот универзитет и реално да ги унапреди правата на Албанците и без 2001 година, а потоа и да го потпише Охридскиот Рамковен договор.

И приказната е секогаш иста, едно пред, друго после избори, а Македонците си патат од македонските партии, Албанците од албанските партии. Зошто? Затоа што може да предаде и изневери само оној од кој нешто си очекувал. Ниту еден Македонец не очекува нешто од Али Ахмети, ниту пак Албанец од Христијан Мицкоски. Истото важи и за Влен и за СДСМ и за било која политичка партија во Македонија.

Па Тетово, Гостивар, Струга, Кичево се испразнија како никогаш претходно од моментот кога добија Албанец градоначалник. Берово, Делчево, Ресен, Охрид никогаш немале Албанец градоначалник па денес нема човек со кој можеш да се разминеш на улица. Ќе одам и подалеку, Балтимор во САД некогаш беше пример за достоинствен живот на црното малцинство во САД, моментот кога дојде градоначалник црнец Балтимор стана најлошото можно место за живеење во САД.

Но да не бегаме од темата и нашите „воинствени лидери“.

Ако на ДУИ му пречеше ВМРО-ДПМНЕ, немаше да бидат во коалиција 8 години, истото важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Реалноста е дека е функционираа како петок и сабота, правеа што правеа народот си процени на изборите во 2016-та година кога и двете партии победија.

Да одиме четири години подоцна на предвремените парламентарни избори 2020-та година кога СДСМ и ДУИ го имаа најголемиот конфликт во својата политичка историја, реално конфлинкт на концепти. Едниот беше Албанец за премиер на Али Ахмети, а другиот беше едно општество за сите на Зоран Заев.

Реалноста беше следна Заев во 2020-та, 2018-та и 2021-ва во три наврати му понуди на Мицкоски да влезе во широка Влада токму за да се справи со национализмот на Али Ахмети, но беше експресно одбиен од Христијан Мицкоски.

Напротив од прва рака знам дека Мицкоски испрати преговарачки тимови во Мала Речица во 2020-та година за да формира Влада со ДУИ. Да тоа беше периодот кога не ја гледаше Соравија, не го гледаше „апартхејдот“ и кога сакаше „да учи од Али Ахмети“ – цитирам да учи од лидерот на ДУИ.

Ќе ве однесам три години подоцна во 2023 година кога во секое можно интервју и претсатвници на ДУИ и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, па и лично Христијан Мицкоски и Али Ахмети во секој можен наврат не ја исклучуваат можноста за заедничка коалиција после избори. Малку непријатно така? А ако прават коалиција Али и Мицко знаете кој ќе биде крив? Народот зошто не му дал 61 пратеник на Мицкоски… Па нели приниципи?! Нели ДУИ „се канцерот“ на македонското општество? Нели албанизација? Сиктер бе преваранти…

Да одиме понатаму…

2023 година 7 јуни, Христијан Мицкоски прифаќа заедничка Влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и внесување на Бугари во Устав со услов ДУИ да ја напушти Владата. ДУИ моментално прифаќа, Ковачевски дури му ја нуди премиерската фотелја на Христијан Мицкоски. И што прави Мицкоски? Одбива. Па ова беше најдобрата шанса за македонско национално единство и рушење на ДУИ. И тоа Мицкоски го одбива.

Артан Груби во интервју за Инфомакс и самиот посочува дека лично од Мицкоски и Николоски добил предлог ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се напаѓаат меѓусебно затоа што тоа бил најдобар начин да си го креваат рејтингот. Значи, Христијан Мицкоски одбива да ја искористи најдобрата шанса во македонската историја да се решиме од ДУИ за да си го крева сопствениот рејтинг затоа што очигледно пресметал дека нема ништо друго што да понуди на политичка сцена и за македонските граѓани сем критики за Али Ахмети…

Па добро бе луѓе, нормални ли сте? Не дека мислам дека ќе направите војна. Ама зошто да правиме тензии и да се враќаме години назад само затоа што немате што да понудите на политичка сцена и немате решение за клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните?

Разбирате дека созадавате немир и неспокој кај народот? И кај Македонците и кај Албанците? И Али и Мицко? Разбирате дека има луѓе кои сте ги оставиле без ништо, па им останува само на национализам кој го базираат не на љубов кон своето туку на омраза кон туѓото? Зошто? Затоа што поради вас политичарите не им останало ништо да сакаат, на ништо да не се редуваат сем на туѓата несреќа!

И за крај војната е пекол… Внимавајте што посакувате.

ПС. Песната која што ме инспирираше да го напишам овој текст е руска антивоена песна напишана оригинално за војната во Авганистан за истата да биде преработена за војната во Чеченија. Пред неколку месеци руски војник ја преработи песната и ја испеа на една од целосно уништените тераси на градот Бахмут.

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина повредени во сообраќајка на патот Кичево…

Пет лица, меѓу кои двајца малолетници се…

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок

Претседателството на ДУИ денеска ќе одржи состанок.…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Познатиот рапер брутално ја претепал…

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, советуваат…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, се…

„Лидл“ го подготвува теренот за соработка со…

Над 130 компании од државава биле запознаени…