Порака од Албанија: АЛИ АХМЕТИ Е ГАРАНТ за европската ориентација на Македонија?!

t

Албанците во Република Македонија по 2001 година имаат многу висока застапеност на дипломатско и политичко ниво, а тоа е благодарение на визијата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вели аналитичарот на Евроинтегративните процеси од Тирана, Дориана Метолари – зборувајќи за евроинтегративниот пат на Скопје и Тирана кон ЕУ.

– Патот на европската интеграција на Македонија е процес кој препозна одлична посветеност на дипломатско ниво. Морам да кажам дека политичките сили на Албанците по 2001 година имаат многу висока застапеност на дипломатско и политичко ниво благодарение на визијата на Али Ахмети. Примарна улога во сето тоа имаше и првиот потпретседател на Владата на Македонија, Артан Груби, но треба да се додаде дека политичкото и дипломатското тло на Албанците е веќе направено, односно политичкиот ангажман оди напред благодарение на заедничкиот проевропски и про-американски дух. Партиите на Албанците имаат водечка улога во внатрешната и надворешната политика на Македонија, што гарантира дека нема да биде компромитиран проевропскиот и пероамериканскиот политички курс, изјави Метолари за Индекс.мк.

Таа вели дека патувањето на Македонија и Албанија кон ЕУ не запира, не отстапува, ниту политичкиот курс, европскиот и проамериканскиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…