Порака од Калето: Членовите на Судскиот совет сериозно да си ги сфатат одговорностите

t

По контроверзните случувања во Судскиот совет, караниците и разрешувањето на претседателката, од Американската амбасада во земјава се надеваат дека службениците „сериозно ќе ги сфатат одговорностите кои ги имаат“, велат од Амбасадата за „Макфакс“.

Од Калето посочуваат дека ги следат случувањата во Советот, каде настана хаос откако американската амбасадорка Анџела Агелер испрати писмо до судовите и судските тела, критикувајќи го враќањето на повторно судење на високопрофилни предмети поврзани со корупцијата.

Амбасадата наведува дека членовите на Советот имаат задача да изградат независен судски сектор.

„Секогаш очекуваме службениците сериозно да ги сфаќаат своите одговорности. Службениците во судството треба да градат независен, транспарентен и одговорен судски сектор, без разлика кој раководи со различните институции“, велат од Амбасадата.

Контроверзите во Судскиот совет избија откако потпретседателот на ова тело, Селим Адеми, ја обвини тогашната претседателка Весна Дамева дека го криела писмото од амбасадорката Агелер. Дамева се правдаше деа била на одмор во тој период, но и покрај ова, Адеми иницираше постапка за разрешување на претседателката, која е надвор од законот. Ова наиде на остри критики во земјава и во странство, по што Судскиот совет повторно заседаваше вчера, и тоа двапати – прво за да го поништи претходното разрешување на Дамева и одново да ја разреши со поголем број гласови, а потоа и за да избере нов претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…

Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…

Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…

ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…