Пораки за евакуација до жителите на две села поради пожарот во грчката област Еврос
Ситуацијата со пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и понатаму е тешка и вон контрола, со оглед на тоа што денеска имаше одново разгорувања и од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација до жителите на две села, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, и покрај големиот број пожарникари кои од копнено и воздух се обидуваат да се справат со огнената стихија, гаснењето го отежнува ветрот кој го променил правецот и дополнително го шири пожарот.
Во гаснење интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и седум хеликоптери, меѓу кои и противпожарни сили од Кипар, Германија, Бугарија, Србија, Франција, Чешка, Романија, Словачка и Албанија.
Пожарот е активен веќе 12 дена, а заклучно со вчера напладне изгореле 81.260 хектари површина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…