Поранешен албански фудбалер заврши во затвор поради трговија со дрога
Поранешниот албански фудбалер, Алберт Кучи кој настапуваше во финското првенство е осуден на осумгодишна затворка казна поради трговија со дрога, пишува порталот „Илта Саномат“.
Кучи се појавил пред судот кој утврдил дека фудбалерот заедно со уште неколку лица поседувал, препродавал и дистрибуирал кокаин низ Финска.
Продажбата ја вршел кон крајот на 2024 година, но и на почетокот на оваа, додека дрогата била скандлирана на неколку различни локации.
Повеќе детали околу целиот скандал засега полицијата не открива, но се наведува дека бил рзбиен криминален ланец во кој учесвувале повеќе лица.
Низ својата кариера Кучи беше дел од неколку екипи во Финскa, a се повлече во 2018 година како фудбалер на Ванта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…