Поранешен бугарски вице-премиер: Скопје и Софија да го сменат односот и да ја смират ситуацијата

t

Ситуацијата во бугарско-македонските односи треба да се промени во двата правца – Бугарија да престане да се заканува и да мафта со прст, а Македонија да престане со провокациите, смета поранешниот бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи Ивајло Калфин.

Треба да размислиме како можеме да живееме како соседи, а не како земји во конфликт… Трајно треба да се смени однесувањето од двете страни на границата. Ние не треба постoјaно да мафтаме со прстот и да се закануваме со вето, а од нивна страна постојано да се прават некои провокации, туку да се работи нa решенија за спорните прашања – како да се отворат границите, како луѓето да патуват, да се намалат провокациите,…, изјави Калфин за БНР.

Според него, правата на луѓето треба да бидат во центарот на она што го прави Бугарија. Посочува дека проблем предизвикуваат и иритирачките изјави на некои политичари, но и имињата на бугарските клубови во Македонија.

Изјавите на некои бугарски политичари кои се обидуваат уште малку да си ја продолжат политичката кариера – дека Република Македонија ја нема и не постои, не помагаат. Не треба да се заборави и дека културните клубови во РМ се именувани по личности кои очигледно спорни и иритирачки за нивната јавност, вели Калфин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…