Поранешен бугарски МВР: Бугарија направи решителен чекор кон објавување војна на Русија

t

Бугарскиот министер за одбрана Димитр Стојанов направи решителен чекор кон објавување војна на Русија, изјави Румен Петков, поранешен министер за внатрешни работи и лидер на партијата Алтернатива за бугарска преродба.

„Министерот за одбрана направи решителен чекор кон објавување војна на Русија. Списокот со оружје и муниција, божиќен подарок за Украина, беше готов. И е таен… . Нашето општество нема да знае со што ќе „помогнеме“ во убивањето Руси.
Народното собрание ќе го ратификува договорот меѓу Бугарија и Украина. Списокот ќе остане доверлив. Иако украинскиот амбасадор пред 6 месеци покажа список што ќе ни земат.
Досега од нашиот републички буџет дадовме речиси милијарда лева хуманитарна помош. И САД 0 центи – сè е на кредит.
Злобно, жално и антибугарско.
Веројатно во чест на 145 години од ослободувањето на Бугарија.“, напиша Петков на социјалните мрежи коментирајќи ја веста за списокот со оружје што Бугарија планираше да и го предаде на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…