Поранешен косовски МНР го подбра Курти: Ја уништи позицијата на Косово во САД!

t

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, оцени дека косовскиот премиер Албин Курти лично го уништил секое разбирање за неговата позиција во САД.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, Селими посочува дека Курти престанал да се координира со САД и престанал да лобира, да се залага и да ги слуша советите на Вашингтон.

Тој додава дека има се помалку трпение за позицијата на Курти во светот и дека неговата позиција во моментов е блиску до нула.

„Но, проблемот со мала земја во лошо соседство како Косово е што или имате голем сојузник кој ќе ве заштити 100 проценти или сте супер пријателски расположени со сите соседи. Курти лично го уништи секое разбирање за неговата позиција во САД. А комшиите? Добро…“, напиша Селими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…