Објавено на:

Поранешен фудбалер на неговиот роденден убиен во Израел

t

Тажна вест ни пристигнуваат од Израел по нападот на Хамас врз Тел Авив. Во нападите бил убиен и еден поранешен фудбалер.

Израелските медиуми пишуваат дека помеѓу загинатите е и 43-годишниот Луис Асулин, кој во Израел го носеше дресот на повеќе клубови. Според информациите тој бил убиен на забавата на неговиот 43. роденден.

Екс-фудбалерот заедно со своите пријатели бил на југот на Израел кога биле затекнати од ужасниот напад.

„Околу 50 терористи дошле во просторот каде што се одржувала забавата и убиле многу цивили, вклучувајќи го и 43-годишниот поранешен фудбалер“, пренесуваат медиумите.

Кариерата Асулин ја започна во Макаби Херзелија, а потоа играше во Макаби Петах Тиква, Беитар Ерусалим, Хапоел Петах Тиква, Хапоел Бер Шева и уште неколку клубови.

https://twitter.com/michaelh992/status/1710966087196561613?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1710966087196561613%7Ctwgr%5E6657314719b507094556bda507e2ff6d5624c863%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fporaneshen-fudbaler-na-negoviot-rodenden-ubien-vo-izrael%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…

Најновите податоци на Државниот завод за статистика…

22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…

Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…