Објавено на:

Поранешен шеф на украинското разузнавање уапсен на Крим: Ќе одговара за предавство

t

Украинските сили го уапсија поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Олег Кулинич, кој е обвинет за предавство, пренесува „Украинска правда“.

По апсењето, СБУ објави дека една од нејзините главни задачи е да ги спречи обидите на Русија да ја прошири својата мрежа на агенти меѓу украинските државни службеници.

– Во вакви случаи беа вмешани и вработени во СБУ, што ја покажува намерата за расчистување на Службата. Со откривање на ваквите ситуации, наместо да ги криеме, го поставивме курсот за изградба на модерна и ефикасна специјална служба, способна да се соочи со моќен непријател кој ја загрозува безбедноста на Украина, се наведува во соопштението.

Во 2020 година, Олег Миколаевич Кулинич беше назначен за шеф на Дирекцијата на Службата за безбедност на Украина за Крим. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го смени од таа функција во март 2022 година.

СБУ е главната разузнавачка и безбедносна агенција на Украина, наследник на украинскиот огранок на советскиот КГБ.

Нејзините задачи се, меѓу другото, контраразузнавање и борба против тероризам. Во рамките на оваа служба има и специјална единица на Алфа групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…