Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи
Поранешниот шеф на операциите на ЦИА за Европа и Евроазија, Ралф Гоф, изјави дека САД, од страв од можна нуклеарна војна, ѝ обезбедиле на Украина доволно оружје само за да издржи и да им нанесе загуби на руските трупи, но не и да ја порази Русија.
Гоф, кој поминал три децении во ЦИА, верува дека од почетокот на војната во Украина, САД и нивните сојузници усвоиле стратегија што ѝ дозволила на Украина да „се бори и да крвари“, но не и да победи, бидејќи се плашеле дека Русија, под претседателот Владимир Путин, би можела да употреби нуклеарно оружје ако е на работ на пораз.
„Доколку ја опремевме Украина со вистинското оружје на почетокот, можеби ќе можеа да ги протераат Русите од земјата. Сепак, тоа не се случи и беа поставени темелите за оваа долгорочна, исцрпувачка воена ситуација што ја гледаме денес“, рече Гоф во интервју за „Њујорк тајмс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани…
Две лица се повредени во пукање во…
ВРЕДИ: Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори…
По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор…
УХМР предупредува: Утре попладне локално невреме со…
Утре во попладневните часови се очекува локална…
Десет активни пожари низ Македонија и два…
На ден 23.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Со пиштол ограбена обложувалница на Бит-пазар
Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на…