Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент останува во притвор
Белгиски судија одлучи денеска да ја задржи европратеничката Ева Каили во притвор уште еден месец додека трае истрагата за наводите за корупција поврзани со Катар, соопштија белгиските обвинители.
Каили, на која ѝ беше одземена функцијата потпретседател на Европскиот парламент на почетокот на овој месец поради случајот, може да поднесе жалба на одлуката во рок од 24 часа, објави „Ројтерс“.
Таа ги негираше обвиненијата и преку својот адвокат изјави дека е невина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…
Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…