Поранешниот израелски премиер: Нацијата на лавови се обедини, сега имаме можност фатално да го оcакатиме овој теpоpиcтички режим!
Израел сега ја има својата најголема можност во последните 50 години, да го промени лицето на Блискиот Исток, напиша на „Х“ поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Раководството на Иран, кое порано беше добро во шах, вечерва направи страшна грешка.
Мораме да дејствуваме сега за да ја уништиме иранската нуклеарна програма, нивните централни енергетски капацитети и фатално да го осакатиме овој терористички режим.
Да ја удри главата на октоподот на теророт, кој во својот кукавичлук ги испрати своите пипала (Хамас, Хезболах, Хутите итн.) да не убијат, додека ајатоласите безбедно седеа во своите палати во Техеран.
Пипалата на октоподот се привремено парализирани – сега доаѓа главата.
Мора да ја отстраниме оваа ужасна закана за иднината на нашите деца.
Можеме да му дадеме на иранскиот народ можност да се крене и да го исфрли режимот што ги тиранира неговите жени и ќерки.
Имаме оправдување. Ги имаме алатките.
Сега кога Хезболах и Хамас се парализирани, Иран е разоткриен.
Во текот на оваа последна страшна година, иранските пипала ги убија нашите семејства.
Ги силуваа нашите ќерки.
Ги киднапираа нашите деца.
Ги ограбија нашите градови.
Ни ги запалија нивите.
Пукаа на нашите бродови.
Тероризирани деца во Кирјат Шмона, Кфар Аза и Сдерот.
Испразнија цели региони од нашата земја.
Нè понижија.
Сега е моментот.
Нацијата на лавови се обедини и ја докажа својата сила во текот на минатата година.
Толку долго копнееше за промена, за акција.
Има моменти кога историјата ни тропа на врата, а ние мора да ја отвориме.
Оваа можност не смее да се пропушти. – напиша Бенет на „Х“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…