Поранешниот косовски премиер Хоти: Приштина падна во замката на Белград
Поранешниот премиер на Косово, Авдулах Хоти, смета дека актуелната влада во Приштина паднала во замката на Белград, како и дека ситуацијата на северот на Косово не може да се управува без координација со меѓународните партнери, пренесува Репортерс.
„Ситуацијата на север е предизвикана од интервенцијата на Белград за поставување барикади, односно за повлекување од институциите“, потенцира Хоти.
Хоти додава дека такви тенденции имало и во минатото, но дека вешто ги избегнувале.
„Верувам дека тоа беше државна претпазливост на минатите влади, вклучително и мојата, за да не паднеме во оваа замка. И ја избегнавме таа замка… целосно во координација со меѓународните партнери“, изјави Хоти за Т7.
Хоти забележува дека ситуацијата на север не може да се управува без координација со меѓународните партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…