Поранешниот началник Ѓурчевски го разобличи делувањето на Мицкоски: Тој е задолжен да го гуши македонскиот народ од масовен протест – треба да се излезе на улица и да не се враќаме дома!

t

Поранешниот полициски началник и голем експерт во безбедносната сфера, Љубомир Ѓурчевски во своето гостување во Радио Лидер посочи дека политичките партии во Македонија се до таа мера искриминализирани што повеќе немаат своја идеологија.

Единсветна политичка партија која Ѓурчиновски ја издвојува како партија со своја идеологија е токму Левица.

-Политичките партии во Македонија ни се до таа мера искриминализирани да они немаат идеологија и не се засновани на идеологија. На нивна определба дали сме лево, десно или центар. Можеби Левица држи до нешто ама Левица е плукана од сите. Факт е дека Левица држи една позиција во која што јас се согласувам со нив за една работа дека без решено национално прашање и тврдо почитување на националниот идентите и националните обележја нема идеологија. Нема идеологија. Значи ние можеме да градиме идеологија ама националното си е национално, вели тој.

Ѓурчиновски ја коментираше и улогата на Христијан Мицкоски како претседател на најголемата опозициска партија во Македонија посочувајќи дека тој е задолжен само да го гуши отпорот на македонскиот народ против власта.

-ВМРО-ДПМНЕ во моментов, односно нивниот лидер во моментов како да ми делува како да е задолжен да го гуши македонскиот народ од излегување на улица и отпочнување на масовни протести. Тој е задолжен да го гуши македонскиот народ од масовен протест и излегување и невраќање дома до рушење на оваа власт. До рушење. Значи нема враќање, излегување. Македонскиот народ е најхрабар и спремен да го направи тоа, заклучува Љубомир Ѓурчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Фицо е „меѓу животот и смртта“

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот…

Путин откри детали од разговорот со Си…

Една од темите на вечерните разговори меѓу…

Предупредување за невреме и ветер од 100…

Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за одредени…

Ново судење против родителите на монструмот Кецмановиќ…

Во Вишиот суд во Белград денеска треба…

Управниот суд денес ќе пресече: Ќе има…

Во Управниот суд за денеска се закажани…