Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ од притвор пренесен итно во Институтот во Сремска Каменица

t

Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ, кој е во притвор и штрајкува со глад поради нагло влошување на здравствената состојба, утринава е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, јавија белградските медиуми.

По преглед од страна на специјалист, Весиќ со одобрение на судија за претходна постапка е задржан на одделението за коронарна интензивна нега во таа болница.

Српскиот парламент вчера ги констатираше оставките на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и министерот за трговија, Томислав Момировиќ, со што им заврши мандатот на таа функција.

Весиќ и Момировиќ поднесоа оставки по несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешни на железничката станица и загинаа 15 лица, а две се тешко повредени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…

Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…

Дијалогот што во моментов се води околу…

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…