Поранешниот уредник на Телма се разбуди во мрачна дистопија: Па правото на самоопределување се усвои пред 70 години

t

Се чувствувам како лик од некоја мрачна дистопија. Станувам наутро и катадневно сум бомбардиран со информации дека наводно бил зачуван македонскиот јазик без фусноти.

Абе луѓе дискутираме за права освоени пред 70 години на светско ниво. Па во Африка, тогаш се случи деколонизацијата и им признаа право на нациите на самоопределување. Во 2022 среде Европа чиј слоган е diversity ќе преставуваме како не знам каков успех ако некој има право да зборува и пишува на мајчин јазик, и да преведува документи од друг на македонски јазик ?!?

За такви елементарни работи како правото на нациите за постоење и самоопределување треба да ги славиме како преговарачки успех и дострел? Под секаква чест ми е да кажам што мислам за тоа што и е овозможено на Бугарија со изјава да каже дека не признава македонски јазик и дека го смета за дијалект на бугарскиот ! Тоа е ретрограден шовинизам од 19 век, и треба да и служи на чест на ЕУ и на нејзините вредности со кои се коперчи, пишува на Фејсбук, Атанас Криовски поранешен уредник на телевизија Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…