Поранешниот хрватски министер сепак не бил пијан кога направил сообраќајка
Тестот од крвта на поранешниот хрватски министер за одбрана, Марио Баножиќ покажал дека тој во моментот на несреќата имал 0,0 промили алкохол во крвта.
Оваа вест ја објави ДОРХ, а наодот, како што велат, е направен во болницата во Винковци.
„На увид во издадените наредби и документација со точни датуми и часови на земање на бараните мостри во Општа жупанска болница во Винковци, осомничениот 44-годишен возач на приватно возило, во моментот на сообраќајната незгода, не е утврдено присуство на алкохол или присуство на дрога, психоактивни супстанци и лекови кои влијаат на психофизичките способности на осомничениот“, соопшти ДОРХ, пренесува 24сата.
За потсетување, Баножиќ беше повреден во сообраќајната несреќа во саботата наутро, кога загина 40-годишен возач на комбе.
Притоа се здобил со повеќе повреди на телото, мозокот, градниот кош, стомакот и екстремитетите.
КБЦ во саботата објави дека доминантна била невротраумата.
Веднаш по несреќата, премиерот Андреј Пленковиќ одлучи да го смени Баножиќ од функцијата министер за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…