Поранешни поддржувачи на ЗНАМ се враќаат во СДСМ, вели Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата активно се консолидира по последните избори, со значителен прилив на нови членови и враќање на поранешни поддржувачи на ЗНАМ.
Филипче изјави дека членството покажува зголемен интерес за активно учество во процесите на избор на претставници на локално ниво и во креирањето на политиките.
„Членовите сакаат повеќе да се вклучат во изборот на свои претставници во раководството на општинските организации и на национално ниво, како и во процесите на политичко креирање“, изјави Филипче.
Претседателот на партијата, Филипче истакна дека новите претседатели на општинските организации, каде што се именувани, добиле одличен прием меѓу членовите и поддржувачите.
„На состаноците сега учествуваат повеќе од двојно повеќе членови отколку претходно, а пристапуваат и членови на ЗНАМ,“ додаде Филипче.
Тој кажа дека СДСМ продолжува да вклучува нови лица, а многу од постоечките партиски членови ја покажуваат својата стручност и посветеност во различни области.
„Широк круг на луѓе со коишто комуницираме во нивните средини имаат капацитет да преземат водечки улоги во организациите на СДСМ“-рече претседателот на СДСМ.
Филипче истакна дека многу поранешни членови на ЗНАМ, кои претходно ја напуштиле партијата, сега се враќаат со желба повторно да придонесат кон работата и развојот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…