Пороен дожд и град ќе ни го расипат продолжениот викенд
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за време на продолжениот викенд во Македонија нѐ очекува време проследено со поројни дождови, а локално ќе има појава на невреме со силен ветер.
– Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени – велат од УХМР.
Од УХРМ додаваат дека до крајот на денов ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Времето во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе биде до 36 степени.
Синоптичарите за утре најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…