Порошенко тврди дека до крајот на годината во Украина ќе се одржат претседателски избори, партијата на Зеленски демантира
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко, лидер на една од водечките опозициски партии, тврди дека украинските власти планираат да одржат претседателски избори до крајот на оваа година, тврдење кое го негираше партијата на претседателот Володимир Зеленски.
„Запишете – 26 октомври годинава“, изјави Порошенко во интервју за украинската веб-страница Censor.net, пренесе РСЕ.
Порошенко тврди дека државната печатница сега го пресметува бројот на гласачки ливчиња потребни за одржување на изборите и дека оваа информација ја добил од анонимни упатени лица од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Парламентарниот лидер на партијата Слуга на народот на Зеленски, Дејвид Арахамиа, ги негираше тврдењата на Порошенко.
„За време на вонредна состојба, невозможно е да се одржат избори (…). Лидерите на сите партии се согласија дека изборите нема да се одржат најмалку шест месеци по завршувањето на вонредната состојба“, сподели Арахамиа на Телеграм.
Петгодишниот мандат на Зеленски истече на 20 мај минатата година, но претседателските избори беа одложени поради вонредната состојба, а според Уставот тој мора да продолжи да ги извршува своите должности до изборот на нов шеф на државата.
Украина е во вонредна состојба откако Русија започна инвазија на земјата во февруари 2022 година. Парламентот ја продолжи вонредната состојба 14 пати во интервали од 90 дена, а последното продолжување трае до 9 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…