Поројни дождови во Шпанија оставија голем број луѓе заробени во возила
Поплави предизвикани од поројните дождови оставија голем број луѓе заробени во возила во североисточниот регион Каталонија во Шпанија, велат официјални лица.
На видеа кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат порои од каллива вода како се шират низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона и поместуваат сè што им е на патот. Највисок црвен аларм е прогласен во крајбрежната покраина од страна на националната метеоролошка агенција на Шпанија AEMET.
Досега нема извештаи за смртни случаи или повредени.
Агенцијата за цивилна заштита на Каталонија ги повика жителите во делтата на Ебро во Тарагона да останат во своите домови, бидејќи AEMET предупреди за 180 милиметри дожд за 12 часа во областа.
„Ситуацијата е комплицирана и се предвидуваат уште дождови“, изјави Кристина Висенте, висок службеник во агенцијата, цитирана од весникот „Ла Вангуардија“.
Поаѓањата на возовите од градовите Барселона и Валенсија се суспендирани до понатамошно известување по должината на главно крајбрежниот медитерански коридор. Неколку региони во југоисточна Шпанија – вклучувајќи ги и Балеарските Острови – во последните денови беа погодени од обилни дождови и поплави, резултат на бурата Алис на медитеранот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…