Портпаролот Душко Арсовски ја напушта Владата

t

Душко Арсовски заминува од функцијата портпарол на Владата и денешната прес-конференција на премиерот, Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши е последната во која тој се појавува во ова својство.

Информацијата на самиот почетокот на прес-конференцијата ја соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој во негово лично и од името на Владата му се заблагодари на Арсовски за досегашниот ангажман.

Како што рече Ковачевски, досегашниот портпарол заминува на сопствено барање и ќе ја продолжи својата професионална кариера со други предизвик.

„Пред да започнам со прес-конференцијата сакам да му се заблагодарам од мое име и од името на Владата на досегашниот портпарол на Владата Душко Арсовски кој денеска го завршува својот ангажамна како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера. Голема благодарност верувам ќе упатата и медиумите со кои во изминатите две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво и практично тој беше дел од процесот во кој Владата како институиција беше оценета како најтранспаретна со 100 отсто транспаретност. Душко ти благодарам и ти посакувам многу лични и професионални успеси во понатамошната кариер“, рече Ковачевски.

Арсовски за својата одлука рече дека на крајот на прес-конференцијата ќе се заблагодари на медиумите.

Тој за портпарол на Владата беше именуван на 13 октомври 2020 година на владина седница, откако претходно голем дел од својата дваесетгодишна кариера работеше како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија (МРТ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…