Портпаролот на бугарското МНР: Манупулациите на историската комисија во Македонија се недозволиви

t

Сите манипулации што заедничката комисија со Македонија за историски и образовни прашања ги обработува, кои излегуваат од рамките на општата историја на договорот потпишан во 2017 година, се целосно неприфатливи и имаат за цел саботирање на комисијата. Ова го изјави портпаролот на бугарското МНР Костадин Коџабашев, јави репортерот на БГНЕС.

„На 7 ноември се одржа заеднички економски форум меѓу Бугарија и Македонија, чија цел е да се даде поттик на економските политики меѓу нашите земји“, појасни тој.

Којабашев прецизираше дека пристапот на Бугарија во Шенген останува приоритет

. „Нашата земја ги докажа своите способности да биде полноправна членка. На 16.11 беше одржана дополнителна мисија на нашиот генерален конзулат во Истанбул, а покрај неа тимот членови на ЕК повторно потврди дека земјата заслужува да влезе во Шенген зоната. Имаме позитивни вести од Шведска откако тамошната социјалистичка партија објави дека го поддржува нашиот пристап. Водиме активни дискусии и со Холандија, која има за цел до крајот на годинава да донесе одлука за пристапување на нашата земја во Шенген“, објасни Коџабашев.

Тој нагласи дека на 29 и 30 ноември се одржал состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Во рамките на форумот се разговараше и за војната во Украина, каде нашата земја најави поддршка за украинската страна. Алијансата разговараше и за прашањето за безбедноста на Западен Балкан и Црното Море, како и за потребата да се одговори на хибридни напади

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…