Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе заврши според нивните услови
Европската унија има јасен и дефиниран став на сите 27 земји-членки во однос на руската инвазија на Украина и ќе го поддржува Киев до победа, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, додавајќи дека Украина, како жртва на руската агресија, ќе ги одреди условите под кои оваа војна ќе заврши.
„Она што е навистина важно е ставот на ЕУ кој е договорен меѓу сите 27 земји-членки. Оваа позиција подразбира поддршка на Украина толку долго колку што е потребно до нејзина легитимна победа во оваа легитимна одбранбена војна. Токму тоа е ставот на Европската унија“, нагласи Стано на прес-конференција во Брисел, коментирајќи го пишувањето на некои западни медиуми за можноста за размена на членството на Украина во ЕУ и НАТО за територијални отстапки за сметка на територии кои Русија привремено ги окупирала, пренесува Укринформ.
Портпаролот на ЕУ истакна дека овој конфликт на крајот ќе го најде своето решение на овој или оној начин. Но, како што наведе, такво решение треба да се најде под условите на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…