Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

t

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трасата на движење ќе започне од булевар „Илинден“ пред фонтаната „Лотос“ (старт и цел) право долж булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта – фонтаната „Лотос“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полицајците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…